Во Делчево отворена изложба на Јитет Коештана и одржан концерт на ,,Вива Стрингс”

Со изложба на карикатури од светски познатиот карикатурист Јитет Коештана и концерт на Гудачкиот квартет Вива Стринг продолжија културните настани во организација на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров од Делчево.

Директорот на установата Методи Толевски информираше дека изложбата ќе биде отворена во наредните две недели. 

-Поради тоа ги повикувам љубителите на ликовната уметност да ја посетат, а посебно ги поканувам ликовните педагози да ги донесат талентираните деца со цел да црпат инспирација од богатото творештво на најпознатиот индонезиски карикатурист, рече Толевски.

За концертот на Гудачкиот квартет дополни дека е концерт кој на барање на љубителите на добрата музика по втор паѕ се реализира во Делчево.

Членовите на Вива Стрингс додадоа дека  пандемијата ги диктира условите за работа на повеќето уметници, но изразија оптимизам дека по стивнување на пандемијата ќе продолжат и поголеми планови околу нивните настапи.

Видео од отворањето на изложбата:

⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️

https://www.facebook.com/268787666980316/posts/1151889232003484/

Сегменти од концертот на Вива Стрингс:

⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️

https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/588139742222233/

Целиот концерт на Вива Стрингс:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*