Во М.Каменица кандидатите за градоначалник го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Во Македонска Каменица, пет кандидати за иден градоначалник на Општината го потпишаа кодексот за фер и демократски избори. Во присуство на Претседателката на Општинската изборна комисија сите се обврзаа дека ќе го почитуваат кодексот, нудејки фер и транспарентна кампања.

-Се обврзавме на една фер и транспарентна предизборна кампања на која ќе ги изнесеме своите идеи и програми пред граѓаните. Во изминатите години покажавме дека имаме капацитет да спроведуваме такви предизборни дејствија иа избори, граѓаните тоа го заслужуваат, рече Соња Стаменкова, актуелен и кандидат за градоначалник на М.Каменица од СДСМ и коалицијата.

Канидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Димчо Атанасовски изрази надеж дека, дека заложбите од потпишаниот кодекс ќе се реализираат и во пракса и притоа посака фер и демократски избори и многу среќа на сите кандидати.

Освен кандидатите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во градоначалничката трка во М.Каменица на претстојните локални избори ќе учествуваат и тројца независни кандидати.

Независниот кандидат Перо Митревски на жителите на Македонска Каменица им порача да излезат масовно и да гласаат без уцени, закани и страв. Неговиот колега Миран Митревски изрази надеж дека наредната изборна кампања  ќе биде натпревар на многу идеи кои ќе се реализираат за подобро утре на граѓаните на Општина М.Каменица.

Д-р Анѓелко Георгиевски како независен кандидат очекува изборите да се одвиват без закани уцени поткупи и лажни изјави, во фер и демократска атмосфера.

Кодексот за фер и демократски избори утре ќе го потпишат и кандидатите за градоначалници на Општина Делчево, а претходно истиот беше потпишан од страна на кандидатите за градоначалници на Општина Берово.

Изјави на кандидатите за градоначалници на М.Каменица

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*