НВО ,,КХАМ” со завршни активности од проектот ,,Пристап до фер правда за маргинализирани заедници”

Во Делчево презентирани резултатите од проектот ,,Пристап до фер правда за маргинализирани заедници” кој Невладината организација ,,КХАМ” го реализираше во општините Делчево, Берово, Пехчево и М.Каменица.   

Во рамки на проектот како што истакна Бети Толевска координатор на проектот, НВО ,,КХАМ” има работено на 59 случаи, на кои што им е пружена правна помош и 5 случаи на кои им е пружена психосоцијална поддршка. 

-Овој проект така беше и замислен, да биде пакет од услуги за правна и психосоцијална поддршка. За жал кај нас психосоцијалната поддршка не е добро прифатена, луѓето се уште имаат отпор кон неа, па затоа се фокусираат на правната поддршка. Ние во нашите истажувања констатиравме дека луѓето многу малку ги искористиле можностите кои им ги нуди министерството за правда преку нивните вработени кои стриктно работат на бесплатна правна поддршка, рече Толевска.

Според неа луѓето веројатно сметале дека процедурата за барање правна помош побарана од други институции е многу обемна, па затоа често се обраќале до НВО ,,КХАМ”.

-Она што сакам да го напоменам е дека од нашите средби кои ги реализиравме во 4-те општини произлегоа повеќе заклучоци во делот на развивање на соработка и координација помеѓу канцеларијата на бесплатна правна помош и институциите на локално ниво вклучувајќи ги стручните служби во образовните институции. Исто така реализирани се активности за континуирано правно описменување на ранливите категории со акцент на жените од маргинализирани заедници за нивните права и можности на законот за  бесплатна правна помош, додаде Толевска.

Програмската раководителка во фондацијата ,,Квина Тил Квина” Дијана Стојановиќ Ѓурѓевиќ информираше дека во рамките на самиот проект со коалицијата Маргини како дел од проектот се работеше во Вардарскиот, Источниот и Пелагонискиот регион каде исто така беа обезбедени услуги за бесплатна правна помош и психосоцијална поддршка за маргинализирани заедници.

Проектот ,,Пристап до фер правда за маргинализирани заедници” е финансиран од Европската унија и кофинансиран од ,,СИДА” – шведската фондација за развојна соработка.

Изјави од завршниот настан на линкот подолу:

https://www.facebook.com/268787666980316/posts/1151890242003383/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*