Поставени информативни табли до параклисот ,,Св.Спас” кај Каменички Рид

Поставени информативни табли за обележување на параклисот ,,Св.Спас” кај Каменички Рид. Информативните знаци се донација на Борис Караѓозов од Пехчево и Горан Антовски од Делчево кои истакнаа дека целта е посетителите подобро да се насочат кон црквичката ,,Св.Спас”, чија изградба се уште не е завршена.

Заеднички денес тие ги поставија таблите и направија неколку фотографии кои може да ги погледнете во продолжение.

Инаку параклисот „Св.Спас“ во Македонска Каменица започнал да се гради на иницијатива на делчевката Драгица Велиновска, по потекло од каменичкото село Вртиславци со помош на пријатели, роднини и добри луѓе, параклисот досега го има изградено до кров.

-Останува уште фасадата и внатрешниот дел заедно со иконостасот. Сама не сум во можност да го изградам заради што апелирам до сите хумани граѓани да помогнат во рамки на своите можности, без разлика дали ќе помогне со градежен материјал или средства, вели Велинова.

Малата црквичка „Св.Спас“ се наоѓа кај месноста Каменички Рид и овде како што додава Велинова луѓето често свратуваат за да го најдат својот мир.

-Во близина на манастирот се наоѓаат три извори со вода, кои се направени за здравје за сите кои ќе го посетат местото. Помош во изградбата на параклисот „Св.Спас“ имам и од мојот син кој е во Швајцарија и други луѓе на кои многу им се заблагодарувам. 

Секоја година кај параклисот Св.Спас верниците се собираат на празникот Вознесение Христово кој се слави секоја година 40 денови по Велигден, како и ма други празници, а последниот заеднички ручек се одржа на празникот Мала Богородица.

Сите оние кои сакаат да помогнат за доизградба на параклисот Св.Спас нека ја побараат тетка Драгица на телефон 075943615

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*