Со ,,Спорт авантура 2021″ одбележана Европската недела на спортот во Берово

На 25.09.2021г., сабота, Планинско Спортскиот Клуб Малешевска Корија, Берово традиционално по 6-ти пат го организираше настанот „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА – СПОРТ АВАНТУРА 2021“, кој оваа година како и лани поради неговите препознатливи вредности во насока на здрави животни навики, беше дел од серијалот настани на Европската недела на спортот – “#BeActive”- координирани од националната Агенција за млади и спорт, партнери подржувачи ни беа Хотел Манастир, Берово и секако локалната самоуправа на Општина Берово.

Спортот и физичката активност придонесуваат за нашата физичка и ментална благосостојба. Недостатокот на физичка активност не само што има негативно влијание врз здравјето на луѓето и општеството, туку и резултира со економски трошоци. Покрај тоа, спортот има потенцијал да ги зајакне пораките за толеранција и да го зајакне граѓанството низ целиот свет. Промовирањето на улогата на спортот како средство за социјална вклученост помага и во решавањето на тековните предизвици во нашето општество. Но и покрај зголемениот број истражувања што ја истакнуваат важноста на спортот, нивото на физичка активност во светски рамки во моментов стагнира, па дури и опаѓа. Со овој настан имавме за цел да одговориме точно на овој предизвик.

Нашите приоритети вклучуваат: поттикнување на физичка и ментална кондиција и борба против дебелината преку учество во редовна физичка активност, поттикнување на социјална вклученост и интеграција преку спортот, особено за маргинализираните групи, елиминирање на разликите по национални и верски прашања и создавање на родова еднаквост, се со помош промовирање и се поголемо практикување на спортот.

Организираните активности на овој настан беа за секого – без оглед на возраста, искуството или нивото на фитнес. Тие вклучуваа:

  • Лесна планинарска тура,
  • Лесна планинско-велосипедска тура,
  • Кајак на  езерото, за кое беа на располагање 10 двојни кајаци и неколку СУП даски,
  • Активности како: кошарка, одбојка, тенис, скокање јаже, пинг -понг …
  • Заеднички ручек и вечерна забава со музички бенда и скара, на отворено покрај река  

Турите и активностите беа предводени и покриени со стручни водичи, поддржувачи, инструктори и спасители на вода. За безбедноста на сите учесници во текот на целиот настан се грижеа локалната полиција и мобилната прва помош.

ПСК Малешевска Корија располага со 25 планински велосипеди за изнајмување и во оваа прилика ги ставивме сите на располагање на учесниците на настанот, за и оние кои немаат сопствени велосипеди, да можат да ја искусат убавината на планинскиот велосипедизам, со надеж дека тој ќе им прејде во навика и пасија.

Содржините беа така испланирани да чесниците беа охрабрени да дојдат со своите деца, па за наша голема радост и настанот беше посетен од голем број на млади.Ние силно веруваме дека учесниците на овој настан го дадоа нивниот многу важен придонес кон нашата цел со ЛИЧЕН ПРИМЕР да им покажат и укажат на останатите наши сограѓани колку е важно да се живее активно и да се спортува, првенствено за лична благосостојба, а потоа за здрави социјално-општествени односи и силна економија, зошто само активни и витални луѓе, создаваат здрави, не тензични, продуктивни социјално-општествени текови и придонесуваат кон силна економија, кое сето води кон повисок стандард на живеење.. -изјави Дина Муцунска, претседател на ПСК Малешевска Корија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*