Во Делчево од почетокот на вакцинацијата потрошени 11.000 вакцини

Од почетокот на вакцинацијата досега во Делчево потрошени се над 11.000 вакцини. Ваквата бројка според надлежните од Здравствениот дом е солидна, ако се има в предвид бројот на вкупно население.

Директорката на Здравствен дом „Гоце Делчев“, Марија Глигоровска информираше дека Делчево предничи во однос на М.Каменица каде интересот за вакцинација е помал.

-Од почетокот на април од кога почнавме да вршиме вакцинација против Ковид-19 досега во Делчево имаме 11.182 вакцини што мислам дека е солидна бројка. Во М.Каменица одзивот е нешто послаб, таму досега се потрошени нешто повеќе од 3000 вакцини. Организиравме и теренска вакцина во соработка со фирмите каде одзивот беше послаб. Слаб одзив имаме и од страна на вработените во Рудник Саса, рече Глигоровска.

Во однос на вакцинацијата во руралните средини, во првата фаза од теренската вакцинација во Делчево и М.Каменица најмногу интерес, имало во село Разловци.

-Разловци го истакнуваме како најистакнато село, додека во другите села кои се од разбиен тип, одзивот е помал. Сега во тек е повторно теренска вакцинација за која заинтересираноста е намалена. Генерално задоволни сме од вкупно реализираната бројка од над 11.000 вакцинирани од кои над 5500 се вакцинирани лица со две дози, додаде Глигоровска.

Поради добриот одзив од делчевскиот здравствен дом додадоа дека четвртиот налет на Ковид-19 поминал со лесна клиничка слика и асимптоматски случаи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*