Во Делчево утврдени местата за истакнување изборни плакати за Локалните избори

Во Делчево утврдени местата за истакнување изборни плакати на организаторите на изборната кампања. Политичките партии кои учествуваат во изборната кампања за претстојните Локални избори 2021 година, денес по извршеното ждребување се согласија на почитување на утврдените места за истакнување за изборни плакати без надоместок. 

-На политичките партии учесници во изборите им се определени соодветни локации согласно со Одлуката донесена на Советот на Општина Делчево, а со која се утврдени местата за истакнување изборни плакати на организаторите на изборната кампања, како и согласно со Изборниот законик. На состанокот, покрај претставници од Општина Делчево, присуствуваа претставници од Левица, Коалиција на СДСМ и Коалиција на ВМРО ДПМНЕ, а согласно со извршеното ждребување со 1, 2 и 3, секоја од партиите доби соодветен дел од просторот определен за лепење плакати во контекст на Изборната кампања, истакна административниот службеник Ванчо Новоселски.

Марио Скакарски како кандидат за советник од СДСМ и претседател на Социјал демократската младина на Македонија се обврза на чиста фер и демократска кампања, додека носителката на Советничката листа на Левица, Сања Николовска очекува да се почитува она за што се заложиле партиите, а тоа е фер кампања без инциденти и сквернавење на изборните плакати. Во таа насока почитување на заложбите од денешниот состанок најави и претставникот на ВМРО ДПМНЕ и кандидат за советник Гоце Ѓоргиевски. 

Согласно со одлуката, партиите изборни плакати можат да поставуваат пред седиштето на политичките партии, на потпорниот ѕид кај Средното општинско училиште „М.М.Брицо“ наспроти комплекс „Делчевчанка“, потпорниот ѕид на Булевар „Македонија“, под ООУ „Св.Климент Охридски“, потпорен ѕид на улицата „Солунска“ и потпорен ѕид на почеток на ул.„Пере Тошев“.

Во останатите населени места изборните плакати можат да се истакнуваат на објекти сопственост на Општина Делчево, но и на други станбени и приватни објекти со претходна добиена согласност од сопственикот на објектот. Од Општина Делчево апелираа до политичките партии за фер и демократски избори  и почитување на Кодексот за фер и демократски изборен процес.

Во продолжение видео од денешното ждребување и изјавите на учесниците во постапката:

https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/594831095025559/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*