Два сребрени медали за Павел Стојчевски од “Балкан Опен 2021”

Делчевскиот кик боксер Павел Стојчевски освои два сребрени медали на “Балкан Опен 2021” кој викендов се одржа во градот Тешањ, Босна и Херџегоцина. Неговиот тренер Љупчо Стојчевски изрази задоволство од постигнатите резултати со оглед на силната конкуренција.

-Медалите се одлично достигнување, ако се има предвид дека на турнирот учествуваа 61 тим со 350 борци од вкупно 11 земји. Како претатавник на Кик боксинг клубот АС, Павел настапи во дисциплните поинт-фајт за постари кадети до 52 килограми, и лајт-контакт во истата дисциплина на кoи го освои 2 место и сребрениот медал, информира Стојчевски.

Младиот натпреварувач се борел и во дисциплината поинт-фајт до 57 килограми, натпревар на кој бил меѓу петте најдобри.

На ,,Балкан Опен 2021″ учествувале натпреварувачи од 61 тим од 11 земји или вкупно 350 кик боксери. Македонија на овој турнир настапила со вкупно 7 натпреварувачи од три клубови, а на натпреварувањето покрај тренер, Стојчевски ја имал и улогата на Меѓународен судија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*