Кандидатот за градоначалник Николчо Стојменовски со посета на крстилницата Св.Наум ја почна кампањата за Локалните избори

По повод почетокот на кампањата за Локалните избори, кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Д-р Николчо Стојменовски ја посети крстилницата Св. Наум во Соборната црква Св. Кирил и Методиј во центарот на Делчево.

Упати порака дека кампањата ја започнува со Божји благослов, чисти мисли и искрена желба Делчево да биде подобро место за живот за сите граѓани.

-Кампањата ја започнуваме со посета на црквата “Св. Кирил и Методиј”. Со божји благослов, чисти мисли и искрена желба за Делчево да биде подобро и поубаво место за живеење на сите граѓани, истакна кандидатот за градоначалник на Делчево Д-р Николчо Стојменовски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*