Невреме во Пехчевско!

Силно невреме со дожд и силни грмотевици го зафати пехчевскиот регион. Дождот е најизразен на потегот од село Панчарево во правец кон Пехчево каде поради огромните количини воден талог сообраќајот се одвива со потешкотии.

Поради обилниот дожд на патниот правец Делчево – Пехчево има појава на одрони која поради количината на вода не е забележлива поради што исто така се создаваат проблеми при одвивањето на сообраќајот.

Поради невремето во моментот во прекин е електричната енергија во Пехчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*