Излезе македонската верзија на книгата “Другата страна на медалот”

Излезе од печат книгата “Од другата страна на медалот” уредена, подготвена и преведена од македонскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски, инаку авторско дело на Валентин Димитров. ,,Од другата страна на медалот” има избор од преку 1000 афоризми групирани во десет тематски област.

Покрај Ѓорѓијоски на преводите, коректурата на текстот и техничката подготовка на книгата работеше поетесата Христина Деолска, рецензијата е на познатиот српски сатиричар Александар Чотриќ, а илустрациите и кориците се дело на бардот на Македонската карикатура Јордан Поп Илиев.

Валентин Димитров е познат бугарски писател, сатиричар, антологичар и преведувач. Има објавено 12 авторски книги. Носител на 17 награди за литература во Бугарија, Русија, Србија и Македонија. Член на Сојузот на независни писатели на Бугарија, Московскиот клуб за афористика и почесен член на Белградскиот афористичен клуб.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*