
Во делчевското село Бигла во тек акција за гаснење на пожар кој избувнал во просториите на посточеката пилана Леска која се наоѓа во близина на Регионалниот пат Делчево – Бигла – Виница.
Екипи на Територијалната противпожарна единица од Делчево со неколку возила се на терен и ја реализираат акцијата со цел пожарот целосно да биде локализиран.
Според очевидци штетата е голема бидејки најголем дел од пиланата изгорела.
Пожарот е регистриран околу 18 часот, а случајот е пријавен во делчевската полиција.
Засега нема информации за причините за пожарот.

Leave a Reply