Продолжува поддршката од хуманите граѓани за двете дечиња и нивната мајка

Откако пред неколку недели го пренесовме апелот на делчевецот Мирсад Арифовски кој побара од хуманите граѓани да донираат елементи за купатило за самохран родител со две малолетни деца, хуманите граѓани веднаш го слушнаа апелот и подарија нов болјер и одредени средства со цел подобрување на хигиенските услови во просторијата за лична хигиена на семејството, која поради лошата финансиска состојба беше во очајна состојба.

Но хуманоста на граѓаните не застана тука, деновиве ова семејство доби и нова перална, а мајстор Мирсад експресно ја монтираше во купатилото, кое лека полека го добива потребниот лик каков што заслужува самохран родител со две малолетни деца.

Со ова уште еднаш се покажа дека добриот збор железни врати отвора, алудирајки на потегот на нашиот сограѓанин Мирсад без чиј апел сето ова немаше да се случи.

Секоја чест Господине Мирсад! Иако тие не бараа да ги споменеме, секоја чест и до сите оние кои се одзваа на повикот и донираа од се срце!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*