На отворен штанд Стојменовски ја презентираше програмата

Кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Николчо Стојменовски денес на отворен штанд пред граѓаните презентираше дел од својата програма. 

-Имаме отворен штанд со промотивни материјали во кои се содржи дел од мојата програма. Потоа ќе следува средба со граѓаните на градскиот пазар со кои ќе поразговараме околу проблемите кои ги имаат и на чие решавање ќе се посветиме доколку ја добиеме нивната доверба, истакна Стојменовски.

Додаде дека во изминатиот период посетиле повеќе населени места како во градот така и во селските средини каде исто така имале конструктивни средби.

На средбата со граѓаните друштво на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ му правеше пратеникот Миле Лефлков кој истакна дека на 17 октомври граѓаните ќе кажат ,,да” за новата иднина со тоа што ќе го поддржат кандидатот за градоначалник д-р Николчо Стојменовски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*