Стојменовски претстави дел од програмата

На прес конференција кандидатот за градоначалник Николчо Стојменовски денес претстави дел од Програмата која како што рече ќе ја реализира во наредните 4 години доколку биде избран за градоначалник на Делчево

-Октомври е месец кога ќе имаме можност да одлучиме во кој правец ќе се движи нашата општина. Јас верувам дека секој од вас ќе ја одбере вистинската опција која ќе донесе проекти, промени и победи. Силно стоиме зад тоа што го нудиме со нашата предизборна програма во која нудиме проекти од сите области, рече Стојменовски.

Обезбедување квалитетна вода за пиење за секој дом, обезбедување асфалтно поврзување до секој дом, изградба на сите улици во централното градско подрачје и  развој на туристичкиот локалитет Голак се дамо дел од проектите кои Стојменовски го наброи да денешната прес-конференција.

-Сето наведено ќе биде реализирано со една единствена цел, подобар живот за секој од нас. Да го заокружиме бројот 7 затоа што Делчево заслужува посветена работа, визија и успех, да го направиме секојдневието поведро, а иднината поизвесна, додаде Стојменовски.

Стојменовски на локалните избори во Делчево настапува како кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*