Членови на ПСК ,,Голак” го искачија ,,Руен”

Членови на Планинарски-спортски клуб ,,Голак” Делчево по речиси идеално сончево време реализираше кружна планинарска тура до 2252 метри високиот врв ,,Руен” на Осоговските планини.

Патеката како што информираше престедателот на клубот Љупчо Чучуковски била во должина од 12 километри и висинска разлика од 700 метри.

-По прекрасен ден со температура од +18 степени, без ветар и голема видливост како и со најголема позитивна енергија, реализиравме кружна планинарска тура по следната маршута : Горен рудник САСА (КОМУНИСТ) 1550 м.н.в. – ТРАКАТО БРДО 1800 м.н.в. – ВРВ РУЕН 2252 м.н.в. – МАЛ РУЕН 2205 м.н.в. – ВРВ СОКОЛ 2038 м.н.в. – ЦРНА ТРАВА 1700 м.н.в. – Горен рудник САСА (КОМУНИСТ) 1550 м.н.в на ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ, информираше Чучуковски.

Јунак на турата како што додаде претседателот на ПСК ,,Голак” бил најмладиот член – младинка Искра Георгиевска, која без никакви проблеми ја поминала патеката.

-За нас како Клуб овие врвови се многу важни бидејќи освен тоа што се највисоки во целиот источен дел на државата како и на Осоговските планини се и почетни врвови од каде започнува нашата област Пијанец (Делчевска област).
Од овде има преубав поглед кон сите врвови над 2000 м.н.в. на Осоговските планини, како и преубав поглед кон планината Голак, Влаина Плачковица, Билино, Јакупица, како и кон планините Пирин, Рила, Витоша во Р. Бугарија, додаде Чучуковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*