Во Делчево во тек обуките за членовите на избирачките одбори

Во Делчево во тек обуките за членовите на избирачките одбори. Како што информираше Претседателот на Општинската изборна комисија Борче Иванов обуките течат во најдобар ред со задоволителна посетеност од страна на инволвираните во Изборниот процес за претстојните локални избори.

-Денеска е трет ден од обуките за Локалните избори. Обуките течат во најдобар ред, има доволно посетеност од страна на обучувачите постои голема заинтересираност од нивна страна за начинот на кој ќе тече изборен процес. Самата новина во овој изборен процес е фингер принтот за кој исто така тече една обуке, рече Иванов.

Додаде дека за претседателите и замениците претседатели на избирачките одбори кои ќе го раководат фингерпринтот ќе има дополнителна обука. 

Сертифицираниот обучувач Милорад Анастасов додаде дека секојдневно во Делчево се реализираат по две обуки со членови на три избирачки одбори.

-Она што е важно да го знаат учесниците е унифицирање на изборниот процес, во однос на примање на изборниот материјал, задачите за ден на изборите и за ден пред изборите. Исто така обуките се однесуваат и за самиот тек на изборите, како и за сумирањето на гласовите со цел да го знаеме изборниот законик и упатствата на Државната изборна комисија, додаде Анастасов.

Во Делчево на последните Локални избори се гласаше на 36 избирачки места, а право на глас имаа 15.049 избирачи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*