Стојменовски најави нови проекти во населбата Милково Брдо

Кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Николчо Стојменовски на вечерашнава средба со граѓаните вети повеќе проекти кои ќе се реализираат во населбата Милково Брдо. Секоја населба како што рече Стојменовски имасвоја убавина и своја приказна а за населбата Милково Брдо како приоритетни проекти од неговата програма ги истакна изградбата на нова Детска градинка и нов парк.

-Ја користам приликата и право да го најавам идниот голем проект, а тоа е нов парк, ново катче уредено, приспособено како за младите така и за повозарасните граѓани, следува изградба на нов Духовен храм кој ќе се вика „Св.Марина“. Исто така ќе додадеме и Детска градинка која ќе служи за потребите на родителите од оваа најголема населба, рече Стојменовски.

Како доктор по ветеринарна медицина додаде дека секојдневно слуша за проблемите на граѓаните за кои додаде дека се нотирани во програмата и за кои ќе следува решение. Го спомена и противкандидатот за кој рече дека во програмата нуди исти проекти од 2017 година.

-Нема фабрика за вода, нема водоснабдување до селото Ѕвегор, нема патека до селото Ѕвегор, нема фекална канализација во селото Стамер, нема улици во населбата Ѕвегорска река. За разлика од нашата програма која е модерна и нуди решенија за секој проблем, додаде Стојменовски.

На крај од претставувањето пред жителите на Милково Брдо, Стојменовски напомена дека со неговата програма е опфатено сообраќајно решение до секој дом, чиста вода за секој дом, воскреснување на планината Голак како идна туристичка атракција, изградба на улици во градот и селските средини.

Вечерва покрај со жителите на Милково Брдо кои ги повика да гласаат за победничко Делчево, Стојменовски заедно со претставниците на законодавниот дом, Никола Мицевски и Рашела Мизрахи присуствуваа и на отворањето на нови партиски штабови во повеќе населби во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*