Апасиев: Не сме разговарале за поддршка на ново Парламентарно мнозинство по изборите!

Како опозиција ги поддржуваме сите иницијативи за пад на Владата на Заев, но досега не сме учествувале во преговори за евентуално ново парламетарно мнозинство, кое би се случило по изборите. Ова од Делчево го изјави претседателот на Левица, Димитар Апасиев како одговор на новинарско прашање кој е ставот на Левица за најавите на ВМРО ДПМНЕ дека по изборите ќе се преструктуира парламентарното мнозинство.

-Неминовно е ако дојде до пораз на СДСМ, да се разговара за Предвремени избори, меѓутоа тоа се детали за кои сега не би можеле да зборуваме, бидејки не го знаеме исходот, истакна Апасиев.

Потенцираше дека партијата Левица на локалните избори има 40 листи и 8 кандидати за градоначалници, а рејтингот од последните Парламентарните избори е двојно зголемен и според него им дава за право да очекуваат од 50 до 60 Советници на претстојните Локални избори.

На новинарско прашање како ја оценува досегашната кампања Апасиев кажа дека истата од самиот старт е нефер, бидејки како што рече во делот на Платено политичко рекламирање, 90 проценти од „колачот“ земаат 4 партии, а за помалите партии, како што рече им остануваат „трошки“ од 7 проценти. 

Претседателот на Левица, заедно со пратеникот Борислав Крмов присуствуваше на отворањето на канцеларијата на Левица, која во Делчево на локалните избори настапува со сопствена Советничка листа.

Изјавата на Претсеседателот на Левица можете да ја слушнете со клик на фотографијата подолу:

На настанот свое обраќање имаше и носителката на Советничката листа Сања Николовска. Сите детали од претставувањето на програмата на Левица проследете ги со клик на фотографијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*