Огранокот на Левица најави проект за развивање на авантуристички туризам на Голак

Огранокот на партијата Левица која со своја советничка листа конкурира за локалните избори во Делчево, најави проекти за подобрување на туристичкиот потенцијал на планината Голак. Со нивниот проект за изградба на авантуристички парк истакнаа дека ќе се врати времето кога Голак беше преполн со дечиња од различни градови од државата.

-Изградбата на авантуристички парк е само еден од начините како да се привлечат туристи, а и убавиот Голак да го врати детскиот џагор од времето кога на планината доаѓаа деца од цела Македонија и си го поминуваа распустот. Потребна е само идеја и креативност, а младите од огранокот навистина имаат добри идеи, истакнаа од Левица Делчево.

Од огранокот на Левица порачаа дека помина времето кога две исти партии одлучуваа за граѓаните на Делчево.

-Конечно во Делчево има и друга опција. Бидете храбри и заокружете бр.15 за Левица во Советите, додадоа од огранокот на партијата.

Носителката на Советничката листа на Левица, Сања Николовска, воедно ги информираше граѓаните на Делчево дека вечерва во 19 часот пред канцеларијата на Левица во центарот на градот, ќе биде презентирана Програмата на средба на која според најавеното свое обраќање ќе имаат Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*