Трајковски: Новиот Градски пазар е доказ за нашите реални проекти

Пред 4 години го најавивме капиталниот проект за Делчево – изградба на современ градски пазар, а денес веќе ја гледаме градбата која докажува дека за нас нема празни ветувања. Тоа досега го докажавме со сите реализирани проекти. Ова на прес конференција го истакна кандидатот на СДСМ и коалицијата ,,Најдоброто за Делчево” и актуелен градоначалник Горан Трајковски кој додаде дека пред граѓаните коалицијата се претставува конкретно, со проекти и со обезбедени финансиски средства. 

-За новиот градски пазар, средствата во висина од 34 милиони денари се обезбедени од државните институции од Владата предводена од СДСМ и од буџетот на Општината. Инвестираме во развојот и истакнуваме дека на почетокот на идната година, новиот градски пазар во Делчево ќе биде центарот на локалната трговија. Објектот со своите 2500 м2 покриена површина е еден од најголемите објекти од ваков тип во регионот, рече Трајковски.

Од програмски и функционален аспект, додаде дека истиот во себе содржи простор наменет за сместување на 200 продажни пултови односно тезги како и 340 м2 површина предвидени за дуќани и простории наменети за јавни тоалети за корисниците. 

-Посебна гордост е што ова авангардно идејно решение е плод на делчевецот и носителот на листата на СДСМ и коалицијата- дипломиран инженер архитект Гоце Попов. Новиот градски пазар претставува спој на одлична идеја, соработка, визија и тимска работа. Ова е наследство кое го создаваме за идните генерации, додаде Трајковски.

Бидејќи ние сме одговорни, бидејќи ние посветено и со срце работиме за Делчево, имаме единствена цел-да создаваме нови проекти и да ја продолжиме успешната приказна на едно модерно и урбано Делчево, заврши Трајковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*