Младите најактивни на денешната крводарителска акција во Делчево

Во Делчево спроведена крводарителска акција на која најактивни учесници беа младите. Во рамки на одбележувањето на Неделата на младите како што истакна Ивана Ангеловски организациски секретар на Црвен крст Делчево, токму младите денес го дадоа најголемиот придонес во рамки на октомвриската крводарителска акцција во Делчево.

-Белег на крводарителската акција беа првократните крводарители од помладата популација. За таа цел оваа недела во Средното општинско училиште „Методи Митевски Брицо“ во Делчево одржавме и мотивациона работилница, со цел на учениците од 4 година да им доловиме, што значи крводарителство и каков бенефит имаат луѓето кои ја примат подарената крв, рече Ангеловски.

Еден од оние кои го искористија своето право и за прв пат ја испружија раката дарувајки крв беше и младиот Мартин Стаменовски.

-Прв пат дарувам, не боли ништо, не е страшно и препорачувам и другите да пробаат, рече Стаменовски.

Крводарителските акции во Делчево се одвиваат секој прв четврток во месецот, а од Црвен крст Делчево ги поканија сите заинтересирани на некоја од следните крводарителски акции да ја покажат хуманоста на дело дарувајки од животворната течност.  

Денешната акција Општинската организација на Црвен крст Делчево ја реализираше во соработка со Институтот  за трансфузиона медицина од Штип и Службата за трансфузиологија при Јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ од Делчево.

За да го погледнете видео прилогот кликнете на фотографијата подолу:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*