Отстранет големиот дефект на цевководот помеѓу село Стамер и Звегорска Река

Отстранет големиот дефект на доводниот цевковод помеѓу село Стамер и делчевската населба Звегорска Река. Поради копмлексноста на дефектот за негово отстранување како што информираа од ЈКП ,,Брегалница” било потребно повеќе време. 

-Поради опасноста по вработените заради обрушување на ровот кој беше со длабочина од 4 метри не се работеше ноќе. Од утрово повторно интензивно се работеше и по завршувањето на работите водата од филтер станицата во Тработивиште е пуштена, по што се очекува до пладне да биде нормализирано водоснабдувањето во Делчево, истакнаа од ЈКП ,,Брегалница”.

Дефектот на главниот цевковод настана во вторник, поради што во изминатите два дена без вода за пиење беа жителите од повисоките делови на Делчево.

Фотографии од текот на работите за отстранување на дефектот на следниот линк: https://www.facebook.com/268787666980316/posts/1159822814543459/

Уште неколку видеа од текот на работите:

https://youtube.com/shorts/vBoKqlei0Wo?feature=share

https://youtube.com/shorts/vBoKqlei0Wo?feature=share

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*