Хуманитарната организација ,,Св.Спас” привршува со целосната изградба на куќата на Звонко од Истевник

Вчера го посетивме с. Нов Иственик-Делчево при што доставивме прозори (донација од Дарко Јосевски и Aleksandar Kitanov) како и надворешна врата (донација од Goran Kelco) со што успеавме да го затвориме новоизградениот дом на Звонко. Веќе утре ќе почнеме со инсталирање на електрична енергија и се надеваме дека наскоро ќе почнеме со внатрешно уредување со надеж дека многу брзо Звонко ќе се всели во својот нов дом.

Ви благодарам на сите кои активно учествувате во изградбата!

Бог да ве благослови сите!!!, се вели во објавата на Отец Оливер Петровски и хуманитарната организација “Св.Спас”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*