ЈЛБ ,,Илинден” со подароци за дечињата од ,,Весели Цветови” по повод Неделата на детето

Од 4 до 10 октомври се одбележува Неделата на детето. По тој повод ЈЛБ „Илинден“ ги посети дечињата од детската градинка „Весели цветови“. Им подаривме мали нешта од кои тие со нивните мали ама вредни и креативни рачиња ќе направат убави декорации, истакнаа од библиотеката.

-Не само еден ден и една недела, туку секој ден, секој час, децата заслужуваат многу внимание, многу љубов, почит и разбирање. А ако светот останува на младите, на децата, тогаш ние возрасните треба да се потрудиме секој ден да го направиме поубав од вчера, додадоа од ЈЛБ ,,Илинден”.

Големо е задоволството, што со детската градинка, библиотеката има одлична соработка. Секогаш брзо се договориме, лесно се организираме и на крај, убаво се дружиме.

„Дајте му на детето насмевка, тоа ќе ви даде душа”.

Линк до објавата на ЈЛБ ,,Илинден”

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*