Трајковски најави изградба на скејт-парк во Делчево

Најдоброто за Делчево значи и одговор на барањата и потребите на сите генерации граѓани. Како дел од презентацијата на проектите предвидени со програмата ,,Најдоброто за Делчево” кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата денес за младите и рекреативците го презентираше проентот за изградба на скејт-парк во Делчево. 

-Скејт-паркот е конкретен проект подготвен за реализација кој ги има сите потребни содржини што ќе дадат посебен акцент за рекреација, тренинг и одржување натпревари од локален и регионален карактер. Основниот проект е готов, финансиската конструкција од 2,8 милиони денари е обезбедена од Агенцијата за млади и спорт и Општина Делчево, рече Трајковски.

Градежните работи за овој проект како што додаде Трајковски ќе се реализираат во 2022 година.

-Ние не зборуваме напамет, ние нудиме конкретни проекти како одговор на барањата на младите и рекреативците. Заеднички, чекор по чекор, да ја продолжиме приказната на Делчево, да го изградиме да ни биде модерно, урбано, Делчево да ни биде гордост, додаде Трајковски кој порача граѓаните на локалните избори да го заокружат бројот 12 занајдобрите проекти кои носат развој, а развојот носи подобар живот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*