Делчевската полиција приведе Албанка, поради основано сомнение ,,обид за убиство”!

Поради основи на сомнение “обид за убиство” од 2016 година, во Полициското одделение од општа надлежност Делчево приведена е А.О. (30) од Р.Албанија. Горепоменатата чие место на живеење е делчевското село Тработивиште, како што соопштија од полицијата е приведена синоќа во 02:15 минути по полноќ.

-На 11.10.2021 во 02.15 часот од полициски службеници од Полициската станица Делчево, поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, лишена од слобода била А.О.(30) од Р.Албанија, а со место на живеење во с.Тработивиште, делчевско. А.О. кривичното дело го сторила во 2016 година, информираат од полицијата.

Лицето А.О. се товари врз основа на чл.123, а во врска со чл.19 од Кривичниот законик.
Триесетгодишната Албанка била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*