Џамоглед: Трајковски или Стојменовски?!

Фејсбук статус на првиот пензионеран комунален инспектор:

НИЗ МОЈОТ ЏАМОГЛЕД 166

ТРАЈКОВСКИ ИЛИ СТОИМЕНОВСКИ

На 17.10.2021 граѓаните на општина Делчево ке го бираат 7-миот градоначалник.

Текстот не е анализа кој ке победи. Не сум за тоа јас способен. Тој е хронологија на настаните за последните 24 години.

Првиот беше Љупчо Прачковски од СДСМ (1996). Централната власт беше на неговите.

Вториот, Илчо Илиев од ВМРО-ДПМНЕ беше избран 2000 г, тогаш централната власт беше на неговите. Прачковски се обиде на втор мандат, но не успеа.

Мирко Иванов беше трет по ред (2005) централната власт беше на СДСМ. И тој се обиде за втор мандат, но не успеа.

Четврти беше Горан Малешевски (2009) избран од ВМРО-ДПМНЕ. Се разбира централната власт беше нивна.

Петти беше Дарко Шехтански (2013). И овојпат ВМРО-ДПМНЕ беше државна власт.

Шестиот и се уште актуелен градоначалник Горан Трајковски (2017) е од СДСМ, избран кога СДСМ е власт. И тој како неговите претходници бара втор мандат.

Сите од СДСМ бараа и втор мандат, но без успех. Можеби овојпат Трајковски ке го “скрши малерот”.

Од вмровските градоначалници никој не беше кандидат по втор пат. Ако се суди по ова би требало Трајковски да ги изгуби овие избори. Ако пак се суди според тоа дека на локалните избори секогаш победувала онаа партија чија е централната власт. Во овој случај Трајковски би бил победник.

Математиката е егзактна наука, па 2 и 2 секогаш се 4.во политиката овој збир може да биде 4, но и 3 или 5 !

На многумина гласачи во општината им е сеедно кој ке победи. И на мене, вели Николовски во неговиот фејсбук статус кој може да го прочитате со клик на фотографијата подолу:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*