Бочварски: Делчево го добива ликот на модерен и Европски град

Министерството за транспорт и врски интензивно работи на реализација на инфраструктурните проекти во Делчево кои се дел од Проектот за поврзување локални патишта во РСМ кој Министерството за транспорт и врски го реализира со финансиска поддршка на Светска банка. Вршејки увид во градежните работи на улицата „Орце Николов” во Делчево, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски истакна дека Делчево преку овие проекти во овие четири години го добило својот изглед на модерен град.

-Денеска извршивме увид во реконструкција на улицата Орце Николов. Ова е една од улиците во градот со чија реконструкција ќе се подобрат условите за живеење на граѓаните. И не е случај само со оваа улица. И на улицата Скопска и на улицата Острец, со реконструкција на локалниот пат до Тработивиште.  Со сите овие инвестиции го менуваме ликот на Делчево и овозможуваме подобри услови за живот на сите граѓани, истакна Бочварски. 

Тој додаде дека во Делчево нема регионален пат кој не е рехабилитиран напоменувајки дека целосно е  рехабилитиран патниот правец од Кочани до Делчево, од Делчево до Пехчево, патот до Звегор како и транзитниот булевар. Освен во патишта, напомена дека  инвестирано е и во комуналната инфраструктура при што посочи дека завршена е изградба на атмосферската канализација во  Милково Брдо каде е  вложено 11 милиони денари, а со средства од ТАВ- програмата, предвидена е инвестиција во висина од 5 милиони денари за реконструкција на училишната фасада на основното училиште Ванчо Прке. 

-Овие погранични општини ни се од особена важност заради регионалното поврзување, пограничната соработка со соседните општини и затоа вложуваме и инвестираме за подобар живот, полесно поврзување и раздвижување на економијата и генерално, за просперитетна иднина на сите граѓани, додаде Бочварски. 

Градоначалникот Трајковски изрази благодарност до Владата и до министерот Бочварски за конкретната поддршка за Делчево.

-Со поддршка на Владата, преку МТВ и Светска банка одговараме на приоритетите на сите жители на Делчево. Како никогаш претходно, Делчево доби околу 800.000 евра неповратни средства наменети за решавање инфраструктурни проблеми и средства кои носат развој, подобар квалитет на животот и подобрување на состојбата со патната инфратсруктура во Делчево. Во првата фаза се реконструира и гради инфраструктура во должина од 6.1 км., а во наредната втора фаза од реализацијата, повторно ќе ги слушаме приритетите на граѓаните и ќе продолжиме со изградба и реконструкција на други улици во Делчево, рече Трајковски. 

Информираше дека во населбата Ново Делчево привршуваат работите за реконструкција на две клучни сообраќајници „Скопска“ и „Орце Николов“, со вкупна должина од 750 м, а деновиве започнуваат гардежните работи и на ул „Острец“ каде ќе се прошири коловозот на критичната кривина и ќе се изгради потпорен ѕид со што ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од улицата. 

Во Делчево интензивно се работи и на изградба на патот Делчево-Тработивиште во должина од 5,3 километри со што се добива уште една сообраќајница која овозможува полесен пристап до селата Тработивиште и Разловци, односно се гради уште една патна алтернатива за овие две села во Делчево.

Видео од настанот на следниот линк:

https://www.facebook.com/268787666980316/posts/1163542227504851/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*