Во Делчево одржан семинар на тема базичен менаџмент за културно-уметнички друштва и развој на Ромската народна култура

Во Делчево организиран дводневен семинар на тема базичен менаџмент за Ромски културно-уметнички друштва кој има за цел создавање рамономерен културен развој и обезбедување услови за достапност на ромската народна култура. Семинарот е во организација на Зенил Реџепов, самостоен уметник субвенциониран од Министерството за култура и истиот како што информираше организаторот е влезен во Националната програма на Министерството за култура за 2021 година. 

-Семинарот има за цел да се поттикне заживувањето на ромската култура на локално, регионално и државно ниво. Од истиот очекуваме да излезе првиот водич за Ромските културно уметнички друштва, ансамлби, фолклорни групи музичари и изведувачи од Република Северна Македонија. Во таа насока ќе се потпише Меморандум или Договор за соработка 2021-2023 година. Како идеја која дојде од самиот семинар планирано е во блиска иднина да се формира и Ромска културна мрежа, рече Реџепов.

Бедрија Ајдини, претседател на здужението на граѓани „Рома Перспектив“, додаде дека фолклорниот семинар ќе овозможи стручна едукација и надоградба на кадрите кои се активно вклучени во процесот на живо егзистирање на традиционалните културни вредности во здруженијата на граѓани, фолклорни групи, музичари и ансамбли, кај кои предмет на работа е народната ромска култура и фолклор.

Преку проектот како што посочи Ерол Адемов од Здружението за мултиетничко општество од Штип ќе се гради довербата преку заедничко партнерство помеѓу самите културно-уметники друштва.

-Тука секако ќе биде важно и како да се регистрираат културно-уметничките друштва, кои се уште не се регистрирани и функционираат како неформални групи. Исто така на семинарот зборуваме и за новиот метод и техника на работа во делот на барањата од самата публика. Ова е многу важно за самите Културно-уметничките друштва кои треба да ги препознаат техниките за успешна комуникација со заедницата, се со цел внесување новина и свежина во нивната работа, додаде Адемов.

Организаторот упати апел до сите кои заинтересирани бесплатно да го побараат водичот, се со цел што поголем број на културно-уметнички друштва, ансамбли фолклорни групи, музичари и изведувачи да бидат дел од реализацијата на оваа активност.

Поопширно за семинарот на видео линкот во продолжение:

https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/2750600101908964

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*