Здружението ,,Про-Анима” Берово објави повик за финансирање на стерилизации на 20 женски кучиња

Здружението за заштита на животните ПРО АНИМА Берово, во согласност со донесената Одлука за распределба на средства од Буџетот на Општина Берово наменети за програмски активности на здруженија и фондации, објавува повик за финансирање на стерилизации на 20 женски кучиња.

Доколку сте жител на Општина Берово кој е сопственик на женска единка и сакате да ја стерилизирате, со цел да превенирате потомство и кученца за кои ќе немате решение, пријавете се!
Немате никаква друга обврска освен да се пријавите и да го однесете миленикот до најблискиот ветеринар во закажаниот термин.
Интервенциите се бесплатни и целосно покриени од наша страна!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*