Од кабинетот на Бочварски со одговор на пресот на Стоилковски: Посетата е во рамки на надлежностите на Министерот

Вчерашната посета на Делчево на министерот Бочварски е во рамки на надлежностите што ги има Министерството за транспорт и врски и функцијата Министер за транспорт и врски, истакнаа од кабинетот на Министерот Бочварски како одговор на прозивката на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски за наводната злоупотреба на функцијата при вчерашната посета на Министерот на Општина Делчево.

-Проектот на кој што беше извршен увид е дел од најголемиот проект на Министерството за транспорт и врски за санација и реконструкција на локалните улици во Општините вреден 70 милиони евра, истакнаа од кабинетот на министерот Бочварски. Само за споредба, Владата предводена од СДСМ за само 4 години изгради и рехабилитираше, преку 1000 километри патишта, додека во владеењето на ВМРО ДПМНЕ во 11 години нивно владеење, беа рехабилитирани околу 600 километри, истакнаа од кабинетот на Министерот  Благој Бочварски како одговор на денешната прес конференција на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*