Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Стоилковски по одговорот од Министерството за транспорт и врски возврати со нов допис до нашата редакција кој ви го пренесуваме во целост:
-Само за Бочварски и СДСМ град без канализација и водоснабдување е град на 21 век. Добро би било Бочварски, познат со само 1км асфалт во Штип, да дојдеше како министер во Делчево изминатите години, да се запознае со девастацијата на градот, а не само во функција на изборите. Но јасно е дека Делчево е заборавено од СДСМ цели четири години и дека единствено што знаат се злоупотреби во изборни цели за да може да се спасат од поразот којшто ќе го доживеат на изборите во секоја општина во Македонија. Делчево е определено за промени, Делчево е определено за проекти, Делчево е определено за победи! Нема полошо за Делчево од СДСМ и Горан Трајковски, истакна Стоилковски.
Leave a Reply