Завршно обраќање на Сања Николовска, носителка на Советничката листа на Левица

Почитувани сограѓани,

Видовме колку капацитет и волја за работа покажаа останатите политички партии во изминатите 30 години без да поднесат одговорност за нивниот неуспех.

Време е да го кренеме гласот против се’ поголемата сиромаштија, против недомаќинското располагање со општинските ресурси, партиските вработувања и кобните “развојни” политики кои го опустошија и испразнија нашиот град и се директни виновници што ретко кој граѓанин на Општина Делчево може да каже дека се чувствува задоволно и исполнето во својот роден крај.

Сега е времето да им покажеме дека немаме резервен живот за живеење и ќе се бориме за овој еден, овде и сега!

На овие избори, да се избориме за можност да почнеме да го градиме нашиот дом според нашите реални потреби!

ГласајЗаЛевица!

ОпштинитеЗаНародот!

ЛевицаВоСоветите!

ЗаокружиБрој15

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*