
Државјанин на Турција приведен на Граничниот премин Делчево. Како причина за лишувањето од слобода на 55 годишниот Турчин како што е наврдено во полициското соопштение е поседувањето туѓа патна исправа.
-Лицето Б.Ф.(55) е приведено на 14.10.2021 во 17.30 часот на Граничен премин Делчево. Полициски службеници го лишиле од слобода Б.Ф., затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил туѓа патна исправа, од лице кое е негов роднина.
По констатирањето на прекршокот 55 годишниот Турчин е приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.
Leave a Reply