ЈЛБ ,,Илинден” ја подготвува книгата ,,Црквите и манастирите во Делчевско”

Во рамки на одбележувањето на месец октомври-месецот на книгата ЈЛБ„Илинден“, пред делчевчани ја промовираше книгата „Црквите и манастирите во делчевско“, на покојниот роднокраен автор Драган Арсов. Публикацијата содржи податоци за забележаните христијански цркви и манастири во Пијанец од раното христијанство до денес.

За постојните цркви и манастири, според податоците, се бележи од кога датираат, кои се ктиторите, кој ги живописувал и во кое време, кога се рушени и обновувани.

Публикацијата зборува за црквите и манастирите во Делчево(Царево село), во Град, Црквенец, Селник, Драмче, Киселица,Тработивиште, Ѕвегор, Илиово, Разловци, Стар Истевник, Вирче, Бигла, Очипала, Драмче, Косово Дабје, за хрисијанските собори и собири. Во Археолошката карта на Македонија се регистрирани 12 ранохристијански цркви на просторот на Делчевската општина, а на археолошката карта на Делчевска општина од 1978 г. се забележани 12 населби со ранохристијански цркви и некрополи.        

Во продолжение изјавата на директорката на библиотеката Билјана Петровска:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*