Во Делчево без проблеми се одвива гласањето на стари и изнемоштени лица

Во Делчево без проблеми се одвива гласањето на стари и изнемоштени лица. На територијата на Општина Делчево како што информираше Претседателот на Општинската изборна комисија се регистрирани 237 болни и изнемоштени граѓани од кои своето право на глас на ден го оствариле 217 лица.

Владимир Петровски претседател на избирачки одбор информираше дека денешното гласање во Делчево тече беспрекорно.

-На нашата територија на гласачкото место 0577/1 каде се наоѓаме сега има вкупно пријавено 4 болни изнемоштени лица. Досега во однос на гласањето се течеше во најдобар ред, двајца веќе гласаа, а на ова избирачко место ни остануваат уште двајца гласачи. Се надеваме дека и утре се ќе тече во најдобар ред и навреме ќе започне гласањето, рече Петровски.

Во Делчево на утрешните локални избори ќе се гласа на 36 избирачки места, од кои 15 избирачки места се во Делчево, а на 21 избирачко место ќе се гласа во околните села.

-Вкупно право на глас имаат 14.736 лица, од кои согласно избирачкиот список 13 569 се на територијата на Општина Делчево, додека 1167 граѓани од списокот се на привремена работа или со престој во странство, истакнаа од канцеларијата на Државната изборна комисија во Делчево.

Во соседна Македонска Каменица, утре ќе се гласа на 17 избирачки места, од кои 7 избирачки места во М.Каменица и 10 во околните села. Во М.Каменица регистрирани се вкупно 6729 гласачи од кои 448 се гласачи со привремен престој во странство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*