Отворени гласачките места во Делчево

Во Делчево без проблеми на 36 гласачки места започна гласањето за Локалните избори 2021. Право на глас во Делчево имаат 14.736 лица, од кои согласно избирачкиот список 13.569 се на територијата на Општина Делчево, додека 1167 граѓани од списокот се на привремена работа или со престој во странство.

Дел од граѓаните на Делчево кои гласаат на 15 избирачки места веќе го остварија своето право на глас, додека процесот започна навреме и на 21 избирачко место во околните села.  

Во рамки на вчерашниот ден, како што информираа од Општинската изборна комисија во Делчево, од вкупно пријавени 237 болни и изнемоштени лица, своето право на глас го оствариле 217 лица.

Првпат оваа година гласачите ќе се идентификуваат со уреди за биометриска идентификација преку отпечаток од прст. Овие уреди ќе ги содржат само личните податоци за гласачите од Избирачкиот список во избирачкото место.

Исклучок од гласањето со уреди за биометриска идентификација се лицата кои гласаа вчера – болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии барања биле прифатени од општинските изборни комисии.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*