
Вториот мандат старо новиот градоначалник на Берово, Звонко Пекевски го започна со кафе муабет со еден од неговите против-кандидати Горан Алачки. Еве ја неговата изјава:
Денес првото утринско кафе го имав со Горан Алачки, еден од кандидатите за градоначалници.
Ја имав честа да поразговараме околу програмата и развојот на Берово во следниот период посебно во туризмот и културата каде Горан има огромно искуство.
Се договоривме да ја искористиме неговата креативна енергија и често да се среќаваме и секогаш кога ќе се роди убава креативна идеја која ќе го промовира Берово на туристички и културен план да ја разработиме и да ја реализираме.
Се сложивме дека Берово тргна напред и нема враќање назад и ветив дека тоа ќе ни биде мисла водилка и во следниот мандат.
Leave a Reply