Голгетерката Ана Димитровска конечно дел од фудбалскиот А-тим на Македонија

Делчевката Ана Димитровска конечно доби покана за прв настап за фудбалскиот А тим за претстојните квалификации за Светското првенство кое ќе се одржи 2023 година.

Селекторот Кирил Изов повика пет фудбалерки од шампионскиот тим на ,,Каменица Саса”, каде Димитровска долго време е најдобриот голгетер, што е најдобар показател зошто таа и досега требаше да биде повикана да и помогне на нашата репрезентација.

Во меѓувреме изминатата сабота, 16 октомври 2021 се одигра пријателски натпревар на терените на ФФМ помеѓу Македонија Жени 6:2 Македонија У19, натпревар на кој стрелец на еден од головите беше токму капитенот на ЖФК ,,Каменица Саса” Ана Димитровска, што практично беше и нејзино деби во репрезентативниот дрес.

Еве го распоредот на натпреварите кои женскиот А тим ги игра на 21 и 26 октомври:

21.10.2021 ➡️ Латвија – Македонија
26.10.2021 ➡️ Македонија – Луксембург

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*