Николовска: Советот на Општина Делчево добива нова трета боја

Фејсбук статус на Сања Николовска иден Советник во Советот на Општина Делчево.

Драги мои пријатели, роднини, членови,симпатизери, поддржувачи на Левица,

Советот на Општина Делчево во наредните 4 години добива нова, трета боја, нови идеи и енергија. Јас како претставник на Левица ќе се залагам за реализација на предлози од нашата предизборна програма која што ја доби потребната поддршка и чесно и посветено ќе работам за подобрување на нашето секојдневие.

Драстичното зголемување на поддршката за Левица во Делчево од 300%, за само 1 година ми дава уште поголем мотив да се внесам со сите сили во процесот на промените кои ќе ги иницираме во советот.

Ви благодарам на сите кои го дадовте својот глас за Левица! Ви благодарам на сите кои ни дававте поддршка, предлози, сугестии и ги жртвувавте вашето слободно време, работата и семејните обврски за да бидете со нас низ овој напорен процес!

Најмногу им благодарам на кандидатите за советници од нашата листа кои беа достапни во секое време и на секој начин пожртвувано, достоинствено и неуморно да работат на зацртаната цел- влез на Левица во советите. Патот кој го чекоревме кон нашата заедничка цел и времето поминато заедно ни помогна да излеземе од категоријата “сопартијци” и да станеме пред се’ ДРУГАРИ.

Им честитам на сите кандидати за советници од Левица кои влегоа во советите и во другите општини. Секој еден заслужено, секој еден со иста цел – промена на подобро и искоренување на децениските неправди.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*