Стојменовски со порака до Трајковски: Резултатите од изборите во Делчево се последица на нефер борба!

Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Николчо Стојменовски одби да му честита на својот против кандидат Горан Трајковски кој според резултатите од локалните избори доби доверба по втор пат да ја води Општина Делчево. Причината за одлуката да не му ја честита победата на својот опонент од коалицијата ,,Најдоброто за нашата општина”, според Стојменовски е следната:

-Драги мои делчевчани, поддржувачи, симпатизери…

Сакам јавно да се заблагодарам за целокупната поддршка за време на предизборната кампања, која за мене беше огромен предизвик и заеднички ја изодевме храбро од првата до последната минута. Благодарен сум за секој глас, секој добар збор и конструктивна критика. Благодарам што ме прифативте со цело срце.

Овие избори ја покажаа вистинската волја на народот. Народот е подготвен и гладен за промени, Македонија ќе се промени, колку и тоа некому да не му се допаѓа.

Нема да честитам победа на мојот опонент затоа што резултатите од изборите не беа последица на фер борба. Она што се случи во саботата е доказ за ова што го кажувам.

Пораката е следна: Лажните пријави, исценираните случаи против опонентите нема да ве спасат од тежок изборен пат. Јас правдата ќе ја изведам на виделина, ама вашиот образ нема да биде чист.

Делчево, за жал уште 4 години ќе има татко кој нема да донесе ништо ново што ќе биде добро за граѓаните.

Уште еднаш честитам на храброста и пркоста.

Македонија ќе победи, истакна Стојменовски во својата вечерашна објава по завршувањето на изборниот процес.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*