,,Цреслото” ги стави на мака УБИГ апаратите на локалните избори во Нов Истевник

Изборниот процес во делчевското село Нов Истевник помина во најдобар ред. Гласањето на неколкумината жители се одвиваше без никакви проблеми и само по себе тоа и не е нешто невообичаено. Она што е токму спротивното е тоа што  во ова Делчевско село се гласаше во просториите на тамошната фарма за магариња која сега е приватна сопственост. 

Сопственикот на фармата не правеше проблеми гласањето да се одвива во просториите бидејки зградата некогаш било училиште, а до пред неколку години зјаела празна, заради што иселеникот Киро Гоцевски кој е сопственик на фармата морал да ја пренамени за потребите на неговата фарма за магариња. 

Сепак оние кои гласаа на локалните избори велат дека просториите каде беше сместено избирачкото место беа пристојни и немаше никакви проблеми. Она што сепак претставувало проблем е текот на гласањето и примената на новите УБИГ апарати за кои требаше да се провери отисокот на самиот гласач. 

И тоа не би било проблем доколку не беше сезона на „берење“ ореви. Зелената боја која оревот ја испушта при „лупењето“ се покажа како клучен УБИГ апаратот да не може да го препознае отпечатокот на прстите кај гласачите, бидејки сите раце на оние кои морале да си ја сработат работата со оревите, биле зелени.

Ваквата навидум банална ситуација ја потврди Станко Станоевски во чиј двор беше забележливо „цреслото“ како што Истевничани ги нарекуваат отстранетите лушпи од ореви.

-Точно е дека вчера имаше проблеми од таков вид. Изборите инаку поминаа мирно бидејки овде се 50-тина гласачи и освен проблемите со зелената боја на рацете, друг проблем немаше. Инаку оревите годинава имаа слаб род, дел од нив изгореа, оние што останаа ги присобравме, истакна Станоевски.

За „оревите“ го прашавме и Васил Василев, жител на Нов Истевник кој во отсуство на стопанот на фармата каде се одвиваше гласањето за Локалните избори зборуваше за интересот околу магарешкото млеко кое често на фармата го баараат жители од други градови на Македонија.

-Реално да ви кажам Истевник не е познат многу по оревите, повеќе по слива и други овошја. Овде останавме малку луѓе, 15 тина, но има луѓе кои од Делечво доаѓаат имаат викендици овде. Што се однесува до фармата има доаѓаат авотмобили овде, знае понекогаш и да има повеќе луѓе во еден ден, раскажува Василев.

Над самата фарма каде гласаа луѓето од Истевник она што боде очи е и спомен облежјето за паднатите борци од НОВ. Таблата со натпис за она што се случувало се уште стои „закачена“ на еден од блиските ѕидови каде стои дел од инвентарот за фармата на бизнисменот Гоцевски. 

Жителите се децидни дека изборите поминаа, но тие ќе останат тука да чекаат некој да ги посети и потоа, да ги праша дали нешто им е потребно и што треба да им се помогне, нешто кое за жал рекоа дека многу ретко се случува.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*