Дејан Анакиевски еден од најдобрите доктори по потекло од Делчево прогласен за доктор на годината во Варна, Р. Бугарија

Бугарскиот медицински сојуз го награди доц.д -р Дејан Анакиевски (по потекло од Делчево) вработен во Универзитетската болница „Св. Марина “ – Варна со наградата „ Доктор на годината за 2021 година “.

На Денот на бугарскиот лекар – 19 октомври, Бугарскиот лекарски сојуз ги додели традиционалните награди „Доктор на годината 2021“ за придонес во медицината.

Д -р Дејан Анакиевски, раководител на Клиниката за урологија при Универзитетската болница „Св. Марина “- Варна, наградата ја освои во категоријата „ Придонес за развој и примена на иновативна медицина и уникатни техники “.

Во своето обраќање по повод големото признание Доц.Анакиевски рече:

-Ви благодарам за престижната награда. Оваа година е поспецијална затоа што славиме 120 години од основањето на Бугарската медицинска унија. Благодарение на тимот со кој работам и на кој можам да сметам оваа награда е важна не само за мене. Тоа е важно признание за болницата во која работам. Благодарност до раководството на Универзитетската болница „Св. Марина “ и Медицинскиот универзитет – Варна, бидејќи без нивна помош и без опремата што ја обезбедија, сите овие достигнувања немаше да се случат. И сето тоа во име на подобар квалитет на живот за пациентите “, рече Анакиевски во своето обраќање по повод доделувањето на престижното признание.

Секоја чест за секој еден наш поединец кој ширум светот го обелува образот на нашата држава и е одличен пример дека Делчево отсекогаш има луѓе со чија умешност и знаење треба да се гордееме!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*