М.Каменица: Украден автомобил од семеен двор во с.Тодоровци

Украден автомобил од семеен двор во каменичкото село Тодоровци. Како што информираат сопствениците на украденото возило, настанот е регистриран во 5 часот изутрина по што е известена полицијата.

-Украденото возило е Форд фокус со сива боја и регистарски таблички МК 0927 АВ. Aпелираме доколку некој го забележи да ја извести најблиската полициска станица, истакнаа од семејството чие возило е украдено.

Според неофицијални извори, по грабежот едно женско и две машки лица се забележани на надворешните камери кај Мотел Мерак, каде исто така утрово имало обид за кражба.

Од каменичката полиција го потврдија случајот со кражбата на возилото, информирајки дека се трага по сторителите, најавувајки дополнителни информации.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*