Во Лондон промовирано делото ,,Патот до себе” од делчевецот Душко

„Патот до себе“ е роман чиј што автор е Македонецот од Лондон по потекло од Делчево, Душко Ивановски. Започнат е да се пишува уште пред 9 години, а на истиот му претходела аудио книга „Клучот на успехот во новиот милениум“, којашто авторот, иако ја снимил, поради лошиот квалитет сепак одлучил никогаш да не ја објави.

Промоцијата на ,,Патот до себе” се одржа на 24 октомври, во Yiewsley & West Drayton community center во Лондон.

Во својата изјава за магазинот Везилка авторот вели дека за него целта не била издавањето на книгата, туки патувањето кое го довело до овој момент.

На линкот подолу го имате целото интервју на авторот по повод издавањето на книгата, интервју во кое е опишан и неговиот животен пат.

Претходно ви го доловуваме и предговорот на нашата делчевка Јулија која долги години работи во Обединетото Кралство.

Инаку романот „Патот до себе“ веќе го има на полиците на роднокрајното одделение на Јавната локална библиотека ,,Илинден” од каде информираа дека Во Делчево дружење на авторот со читателите ќе се организира во текот на летниот период следната година. Еве што велат од библиотеката за самото дело.

-Во Јавната локална библиотека „Илинден“ пристигна уште едно дело,роман на наш роднокраен автор. Станува збор за „Патот до себе“ на Душко Ивановски. Душко е наш сограѓанин кој живее и работи во Лондон. Романот го пишува за своте корени,своето родно место, своите блиски…дејството започнува пред Втората светска војна,во селото Вратиславци, кое што е и родно место на авторот. Авторот го води читателот низ емоциите и преживувањата на ликовите откривајки ја нивната свесност за сопствените блокади и слабости и му дава можност на читателот да се надмине самиот себе, се вели во објавата на библиотеката.

Линк со сегменти од промоцијата: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=5098470370180350&id=100000523123360

Линк од интервјуто за магазинот Везилка:

https://www.vezilkamagazine.com/%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%BA%D0%BE-%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B7%D1%83%D0%BC%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BC%D0%B8%D1%81/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*