,,Брастет” со прв концерт во Делчево

Во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ во Делчево вечерва за прв пат концерт одржа составот „Брастет“.

-Како „Брастет“ Скопје, постоиме три години на македонската сцена, како музичари од Македонска опера и балет и Воениот оркестар. Спонтано се собравме, генерално обработуваме класични теми како и филмска и популарна музика, истакна фронтменот Мицко Дамјановски.

Во рамки на своите настапи, ако што додаде во наредниот период подготвуваат учество во Новогодишна претстава, како и настан кој ќе биде организиран од Град Скопје.

По вечерашниот концерт, директорот на установата Методи Толевски додаде дека како културни настани во наредниот период во Делчево предвидени се изложба и уште еден концерт со настап на домашни изведувачи.

-Вечерва малубројната публика можеше да ужива во позната филмска музика од 60-тите години до денес. Следно што планираме е изложба на познатата „Погребна кочија“, која беше популарна од археолошките истражувања во село Очипала пред 10 и повеќе години. Во делот на концертната дејност ќе имаме и уште еден концерт на нашите Дејан Ѕене и Елена, рече Толевски.

До крајот на годината директорот ја најави и манифестацијата „Балкан без граници“, како и завршниот концерт на Фолклорната група „Никола Јонков – Вапцаров“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*