Традицијата „Во Селник на Петковден“ продолжи и годинава во Делчево

Христијанските верници од Пијанец и денес се собраа во делчевското Селник, каде се одржа еден од поголдемите собири за празникот Петковден. Славејки го споменот на „Св.Петка“ пред истоимената црква која е една од најстарите во Делчевско заштитена од државата, посетителите палеа свеќи за здравје, со што ја продолжија традицијата која поради пандемијата во изминатите две години се реализираше со помал број посетители.

-Пандемијата полека спласнува, луѓето бидејки сакаат да се организираме и да си дојдат на Петковден денес ја посетија црквата која датира од 14 век. Со тоа придонесоа традицијата и оваа година да продолжи, истакна Љупчо Стојановски од црковниот одбор во село Селник.

Димитар Темелков кој како црковно лице ги вршеше денешните обреди, истакна дека денес е посебен ден посветен на Пресвета Мајка Параскева, во народот позната како „Св.Петка”.

-Таа се одлучила својот живот преку својата проповед да гопосвети на Христа, со што има големо обожавање меѓу луѓето. Црквата во Селник коja го носи нејзиното име е многу стара црква која датира од 14 век. Иако со години и години имало промена на нејзиниот изглед, верниот народ се потрудил да ја за зачува онака како била поставена, со тоа што повремено се реновирала и го задржала првобитниот облик, рече Темелков,

Готвачите кои секоја година го подготвуваат ручекот за празникот, потенцираа дека на празникот во посните денови се припрема посно гравче, додека во мрсните денови се жртвува јагне.

-Малку не спречи короната во изминатите години, но традицијата продолжува, што значи дека нема страшно короната ќе ја победиме и традицијата мора да се одржува, бидејки ова е селски собор, истакна еден од готвачите во Селник.

Во 2001 година, од страна на Министерството за култура, црквата „Св.Петка“ е прогласена за заштитен споменик на културата како културното наследство на државата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*