Советникот Иван Гоцевски паушалите ќе ги донира за доброто на децата од Делчево

Фејсбук статус на Советникот Иван Гоцевски:

Почитувани мои сограѓани, роднини, колеги, другари, комшии, земјоделци, соработници и соборци за идеали. Оваа порака ќе биде подолга но ќе биде наменета дирекно кон Вас. Затоа од се срце Ве замолувам да одвоите малку време за да ја прочитате.

Ова до мене е мојот најголем критичар, но и најголем подржувач во животот. Мојата сопруга Дијана. Слика на која нема партиски обележја а чиста и отворена намера. Мотивот за оваа слика е и мотивот за кој што ќе седам во советничкиот стол, тврдокорно борејки се за доброто на децата на Делчево.

Нашата заедничка одлука е СИТЕ мои паушали како советник на Општина Делчево да ги донираме во целост за доброто на децата на Делчево.

Ризикот за евентуален неуспех е Наш а, успехот нека биде за доброто на сите!

Најпрво сакаме да ја плаќаме детската градинка на едно дете без родител и тоа со траен налог. Ќе создаваме шест месечна рамка претходно за тоа каде ќе одат сретствата. Нормално дека доколку е некаде повеќе потребно, може да биде изменета!Имаме план за тоа каде ќе бидат дадени првите паушалите.

-Првиот без исклучок ќе биде за моите и децата на моите другари од детството. Тука на тријаголнико пред мене ќе создадеме катче за дечињата од моето маало!

-Вториот ќе биде за Дневниот центар за деца со посебни потреби од Делчево.

-Третиот за детската градинка “Весели цветови” од Делчево.

  • Четвртиот и петиот за двете основни општински училишта во Делчево. “Климент Охридски” и “Ванчо Прќе”.
  • Шестиот за младите категории за ФК Брегалница.
  • Седмиот, од мои лични средства, за потребите на децата од некое од Делчевските села.

На секои шест месеци, ќе донирам износ рамен на еден советнички паушал за децата на некое Делчевско село!
Имаме идеја, да подржиме младински здруженија!
Имаме идеја, да подржиме спортски здруженија!
Имаме идеја, да подржиме еколошки здруженија!

Ова за Нас е предизвик, да си ги изброиме луѓето што не опкружуваат секојдневно, но и да ѓи мотивираме да ни помогнат во нашата намера да успееме во нашата идеја.

А на нашите неистомисленици да им порачаме да си направат по една копија од овој пост, за да не потсеќаат на ова кажаното.

Идејата е јасна. Да создадеме подобра иднина за децата на нашето Делчево, истакна сега веќе избраниот член на Советот на Општина Делчево, Иван Гоцевски.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=4941545699206433&substory_index=0&id=100000531543307

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*