Доделени наградите од Литературниот конкурс по повод Месецот на книгата во Делчево

Во Делчево доделени наградите од Литературниот конкурс кој по повод Месецот на книгата го организираше Јавната локална библиотека „Илинден“. Како што информираше директорката Билјана Петровска, на конкурсот пристигнале прекрасни творби, за што библиотекарите имале тешка задача да ги изберат најдобрите.

-По повод месец октомври, месецот на книгата, ЈЛБ „Илинден“, распиша конкурс на тема „Сабји нека ти бидат мислите, а книгата целта“. Ни пристигнаа прекрасни творби и поезија и проза и од двете основни училишта во градот, а библиотекарите и овој пат имаа тешка задача да изберат од добрите-најдобри. Избравме 3 најдобри творби поезија и три проза. Наградени се:

Проза: 1 место-Сара Ангелова, ментор Милка Стоилкова; 2 место-Ана Стоименовска, ментор Веска Спасевска; 3 место-Ива Цонева, ментор Веска Спасевска.

Поезија: 1.место- Јана Попова, ментор Билјана Стоиловска; 2 место-Ева Георгиева, ментор Билјана Стоиловска; 3 место-Ерика Ѓеорѓиевска, ментор Билјана Стоилковска.

Честитки до сите нив и до нивните ментори, како библиотека, се надеваме и посакуваме и понатаму да имаме добра соработка со основните училишта во градот, со наставниците по македонски јазик и секако со сите ученици кои го сакаат убавиот пишан збор и сакаат да творат, рече Петровска.

За наградената Јана Попова, наградата ќе биде мотив таа и понатаму да учествува на ваквите и слични конкурси.

-Големо задоволство ми е што добив награда. Со пишување се занимавам многу одамна, а ме привлече темата на конкурсот, затоа решив да се пријавам. Упатувам голема благодарност до Јавната библиотека за наградата, рече Попова.

Чест и задоволство да се биде меѓу наградените претставува и за првонаградената Сара Ангелова.

За менторите на наградените ученици, без разлика на наградите, она што е важно е дека децата сакаат да читаат и умеат да творат, а ваквите настани се одлична можност тие да го покажат целиот свој творечки потенцијал.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*